Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Аријана Гранде прогласена за изведувач на годината на Американските музички награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музика

Аријана Гранде прогласена за изведувач на годината на Американските музички награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пејачката Аријана Гранде е прогласена за изведувач на годината на синоќешното доделување на Американските музички награди, кое се одржа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Таа ја доби наградата во конкуренција на Џастин Бибер, Ријана, Селена Гомез и Кери Андервуд.

6

Канадскиот рарер Дрејк победи во категориите „најдобар рап/хип хоп изведувач” и „најдобар рап/хип хоп албум” за својот „Views”. За тој албум раперот имаше рекорден број номинации, вкупно 13.

Во категоријата за најдобар нов изведувач победи Зејн Малик, кој претходно ја напушти британско-ирската група „Уан дајрекшн”, за да започне соло кариера.

Рок дуетот „21 Пајлотс“ ги освои наградите за најдобар поп/рок изведувач и за категориите за алтернативна музика, а Селена Гомез – за најдобра поп/рок пејачка.

Актерот Роберт Дауни Џуниор му ја врачи специјалната награда за заслуги на Стинг.

Церемонијата започна со настап на Бруно Марс, со хитот „24К Magic“. Меѓу другите кои имаа свои настапи беа и Лејди Гага, „Грин деј”, Џон Леџенд, Најл Хоран, Џејмс Беј. Панк бендот „Грин деј” му дадоа и политичка боја на настанот, со тоа што за време на песната „Bang Bang”, Били Армстронг запеа: „Не за ККК, не за фашистички САД, не за Трамп”.

1

Американските музички награди како пандан на „Греми” првпат се одржаа во 1973 и се најголемото музичко наградно шоу, каде што за победниците гласа публиката.

5432
<
>

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.