Сцена
Аријана Гранде се врати во Америка по терористичкиот напад во Манчестер (ФОТО)
Аријана Гранде се врати во Америка по трагичниот терористички напад на нејзиниот концерт кој се случи во понеделник вечерта во Манчестер, кога умреа 22 луѓе, а преку 60 беа повредени.
Пејачката беше погодена од целото случување кое полицијата го класифицира како терористички напад, и поради тоа таа ја откажа европската турнеја и се врати во својот роден град во Флорида каде беше пречекана од страна на фамилијата и нејзиното момче Мек Милер.
Извор близок до фамилијата вели дека нивната средба била навистина тажна и вознемирувачка.
Truly Sad To See Her This Way. ? #Manchester #ManchesterBombing #silenceformanchester #arianagrande pic.twitter.com/OrkPNjMsSS
— San Madrid v0.3 Available in 4 days! (@chrisd2019) May 23, 2017
– „Аријана изгледаше исцрпено и уморно, како со нетрпение да очекуваше стигне дома и да биде со своите сакани“ – додава изворот.
Инаку, по нападот, поп ѕвездата се јави со соопштение на твитер во кое искажа сочувство со фамилиите на загинатите.
https://www.instagram.com/p/BUeJ9FklY73/
Поддршка на Аријана и дадоа и нејзините колеги.