Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ашер ќе настапи на полувремето на „Супербоул“

Сцена

Ашер ќе настапи на полувремето на „Супербоул“

Најголемото натпреварување во американскиот фудбал, Супербоул, секоја година на полувремето е домаќин на спектакуларен музички настап. NFL, Apple Music и Roc Nation открија која е овогодинешната ѕвезда.

Американската поп-ѕвезда Ашер (44) ќе настапи на полувремето на 58. Супербоул на НФЛ лигата, што ќе се одржи на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас.

– Мене ми е голема чест, конечно, да го прецртам појавувањето на Супербол од мојата листа со желби. Едвај чекам да му донесам на светот шоу кое не наликува на ништо што досега го виделе од мене. Благодарност до навивачите и на сите што ја овозможија оваа можност. Се гледаме наскоро – изјавил Ашер.

За настапот на Ашер фановите беа информирани преку социјалните мрежи, со видео во кое Ким Кардашијан му се јавува на пејачот за да му соопшти дека ќе настапи.

„Ашер е икона чија музика остави неизбришлива трага на културниот пејсаж во текот на неговата кариера, и не би можеле да бидеме повозбудени што ќе биде главен изведувач на овогодинешното Apple Music Super Bowl Halftime Show“, рече Сет Дудовски, музички директор на NFL.

Од објавувањето на неговиот деби албум во 1994 година, Ашер Рејмонд IV продаде над 80 милиони плочи ширум светот, беше на врвот на музичките топ листи и има освоено осум Греми награди, најпрестижните награди во музичката индустрија.

Магазинот „Билборд“ го прогласи за втор најуспешен уметник во 2000-тите.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.