Музика
ЏАСТИН БИБЕР: „Да се бориме против злобата и насилието со добрина!“ (ВИДЕО)
Џастин Бибер беше еден од гостите на големиот хуманитарен концерт на Аријана Гранде, кој беше посветен на жртвите од трагичниот терористички напад на нејзиниот концерт од 22 мај.
Пејачот на бината се појави без својот бенд, само со гитара и успеа да направи вистински емотивно шоу, а публиката беше трогната од неговиот говор.
Тој и се обрати на публиката со следните зборови:
– „Правиме прекрасна работа вечерва, се сложувате? Дали и вие мислите дека љубовта секогаш победува? Нема подобар начин да се бориме против злобата и насилието од тоа да се бориме со добрината.“ – изјави младиот Бибер.
– „Чест ми е што сум овде вечерва и можеби би требало и малку да запејам, зарем не?“ – додаде тој и ги изведе големите хитови „Love Yourself“ и „Cold Water“.
По изведбата, пред да ја напушти вината, тој уште еднаш и се обрати на публиката со навистина емотивен говор.
– „Бог е секогаш во средина. Без оглед на тоа што се случува во светот. И ве сака. Тој е тука за вас. Сакам само на еден момент да оддадам почит на луѓето кои ги изгубивме, кои беа одземени од нас. Ве сакаме многу. Ги сакаме и нивните семејства… Дигнете ги рацете за да оддадете и вие почит“ – и рече тој на илјадната публика.
https://www.youtube.com/watch?v=5npZDJzRolQ