Сцена
Џастин Бибер има нова, чудна тетоважа (ФОТО)
Канадскиот пејач во петокот ја откри својата (којзнае која по ред) нова тетоважа на ногата.
Како што тој вели, со новата тетоважа ги слави годините кои доаѓаат.
– „Подобар на 70“, е напишано на тетоважата.
Бибер го објасни и значењето за тетоважата и призна дека во минатото правел грешки и потрошил многу време на лоши работи, но се тоа го направил за да биде подобар.
Неговото ново мото е: „Лично сакам да работам секој ден, за да бидам подобра личност на 70 години“.
Звучи навистина сериозно, уште само 47 години работа!
Тој на инстаграм објави и кратка песна која го прати значењето на тетоважата.
https://www.instagram.com/p/BVYkaOeDapP/