Музика
АТРАКТИВНА НА СЦЕНА: Ријана направи „лудило“ на Сигет во Будимпешта (ВИДЕО)
Уште една спектакуларна вечер на Островот на слободата во Будимпешта!
Главна ѕвезда на вториот фестивалски ден беше единствената и мегапопуларната Ријана, или како ние милуваме да ја викаме, Рири, која направи лудило и бунило на сцената на фестивалот Сигет.
Просторот пред главната бина беше буквално исполнет до последното место, а организаторите проценија дека на Островот биле присутни околу 100.000 посетители.
Инаку, вчера на официјалната прес-конференција беше најавено дека настапот на оваа мега ѕвезда го чинело фестивалот скоро 1 милион долари.
Интересно да се напомене е тоа што за првпат во историјата на менаџментот на Ријана, не било побарано да се плати дел од сумата пред нејзиниот настап, туку од организаторите било побарано да и го исплатат хонорарот на познатата пејачка откако ќе заврши со настапот на главната бина на овој европски фестивал.
Во продолжение погледнете фотографии и видео од настапот на Ријана на фестивалот Сигет. Екипата на Популарно.мк останува во Будимпешта да ви ги пренесува сите информации од центарот на најголемата забава во Европа!