МК Сцена
Авалон продукција: One Republic ќе добијат благодарница од дечиња болни од цистична фиброза
На неполни 12 дена до големиот концерт на One Republic Авалон продукција ги откри сите детали поврзани со најголемиот концерт во Македонија за 2015!
Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како главни ѕвезди на многу големи светски фестивали, а групата во моментов е на актуелна европска турнеја на кој најблиску во регионов доаѓа во Словенија.
Три дена пред концертот екипа од 50 обучени специјалци ќе дојде во Скопје со цел да ја поставуваат сцената. Од Авалон информираа дека ќе биде поставена бина што ќе се протега меѓу публиката, на која Рајан Тедер, вокалистот на бендот ќе се движи.
Интересно е тоа што лидерот на „One Republic“ Рајан Тедер прифати само едно интервју со медиумите, а без поговор се сложи да се сретне со дечињата кои имаат цистична фиброиза.
Точно 130 деца кои боледуваат од оваа опасна мутација која им предизвикува големи проблеми во животот, ќе му врачат благодарница за сето она што тој го има направено за децата и возрасните заболени од оваа болест.
Како и во многу европски градови така и во Скопје, One Republic на први јуни доаѓаат заедно со Д Мејкмејкс како специјални гости на нивниот концерт.
Австриските поп-рок звезди Д Мејкмејкс за неверојатно кратко време стануваат една од најпопуларните групи во својата држава, а се повеќе се шири и бројот на нивните фанови и во цела Европа.
Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на купикартизасе.ком и се по цена од 990 денари за партер, 1200 денари за трибина-седење, 1500 денари-фан-пит и 1500 денари вип дел.
Бидете дел од концертот на годината на 1 јуни во арената „Борис Трајковски“.