МК Сцена
Балканската дива Цеца најавува голем концерт во Охрид
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 28. јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори”.
Со песните од новиот албум, „Анџео другог реда”, “Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моч”, „Трепни”, „Дидуле” и многу, многу други безвременски хитови, мега популарната и најбарана балканска дива Цеца Ражнатовиќ веќе полни концертни сали и стадиони низ целиот свет.
Овој пат на ред е нашиот „бисер македонски”, Охрид, каде Цеца ќе приреди повеќечасовен концерт за паметење на кој ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 09 мај 2018 (среда) и истите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ”, „Пола Југотон” и „Цвеќара Розе” – Веро 2.