Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бејби Лазања ќе ја претставува Хрватска на Евровизија

Сцена

Бејби Лазања ќе ја претставува Хрватска на Евровизија

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на Евровизија во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“.

Втор по бројот на гласови од публиката и жирито беше Винко, а трети беа ланските победници Лет 3.

Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, случајно влезе на „Дора“, хрватскиот натпревар за Евросонг, и победи. Жирито на HRT не го вклучи во листата на учесници за „Дора 2024“, туку тој беше прва резерва. Откако Zsa Zsa се повлече од натпреварот во јануари, беше објавено дека на нејзино место ќе настапи тој.

„Благодарам на сите што гласавте“, рече помалку збунето Бејби Лазања по победата. „Секогаш одев со ставот – не е готово додека не заврши. Воопшто не размислував за победа или ништо, важно ми беше да дадам се од себе“, рече тој. После тоа, тој уште еднаш ја изведе победничката песна.

Песната „Рим тим таги дим“ доби 247 поени од публиката, додека вториот миленик на публиката Ален Ѓурас доби 27 поени. Лет 3 доби 24 поени, а Винко 23. Лазања исто така беше прв според гласовите на жирито. Гласаа членови на жирито од Загреб, Сплит, Риека и Осиек, како и четири меѓународни жирија од Италија, Германија, Украина и Исланд. Бејби Лазања доби вкупно 74 поени од жирито, а Винко беше на второто место со 59 гласа.

Откако Бејби Лазања ја освои Дора со песната „Рим тим таги дим“, Хрватска скокна на обложувалниците на Евросонг. Таа моментално е на второто место, нејзината најдобра евровизиска букмејкерска позиција досега.

Само Украина е пред Хрватска. Украинците ќе ги претставуваат Alyona Alyona и Jerry Heil со песната „Teresa & Maria“, која победи на натпреварот Vidbir. Украина од самиот почеток е фаворит за победа.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.