Сцена
Бекамови со список барања пред да дојдат во Црна Гора
Викторија и Дејвид Бекам пред неколку дена пристигнаа со своите деца на одмор на Свети Стефан во Црна Гора и, како што и се очекуваше, побараа строга приватност за да можат целосно да уживаат во летувањето.
Бекамови појдоа во Црна Гора на покана на пријател, а преку него испратија 28 услови, од кои некои на многумина ќе им изгледаат прилично чудни.
Така, освен посебна послуга, возач и готвач, кои ќе мораат да се грижат само за нив и не смеат да се менуваат, гостите од „островот“ побараа и соби со поголем проток на кислород, одредена оддалеченост од другите туристи и свои лежалки на плажата. Во списокот уште стои и звучната изолација, како и посебна вода којашто ја пие семејството.
Натаму, секој член на послугата мораше да потпише договор за доверливост, за во јавноста да не протечат никакви информации поврзани со нивниот престој. Така што, внесување мобилни во апартманот е строго забрането, за да се избегне сликање и снимање на разговорите.