МК Сцена
Белград се подготвува за големиот спектакл на Роби Вилијамс: На Ушќе се прави мал град за концертот!
На Ушќе се поставува бина широка 60 метри, опремена со современа аудио-визуелна техника и сценографски елементи кои во Белград пристигнуваат со повеќе од 30 камиони!
За само 9 дена, на белградскиот Ушќе, 17 јуни, светски познатата музичка ѕвезда Роби Вилијамс ќе одржи концерт, а припремите за овој музички спектакл влегуваат во завршната фаза.
Техничкиот дел е преобемен и за негова реализација се грижат повеќе од 120 луѓе кои патуваат со популарниот пејач на актуелната турнеја „Let Me Entertain You 2015“.
За да се реализира ваква сложена продукција, во бекстејџот ќе биде изграден „мал град“ со повеќе од 35 различни објекти со различни димензии и намени, од канцеларии и гардероби, до голема кујна и просторија за кореографски проби и загревање на бендот кој го сочинуваат 20 луѓе!
На бината ќе се најдат и сложени системи како најмодерните LED екрани како оние кои се користат за Евровизија и други врвни сценски спектакли, а публиката со помош на екраните ќе може да ги забележи сите промени во кореографијата на тимот на Роби, кои поради припремата за сложениот настап, стигнуваат дури 2 дена порано!
Поради големиот интерес, на Ушќе се гради и досега најголемата трибина за седење од 4000 места, како и најголемата VIP зона некогаш со повеќе од 1500 метри квадратни со сепариња и барски столици.
Роби оваа година распродаде концерти низ големите европски метрополи од Мадрид до Москва, концертите ги започнува со насловниот хит на турнејата „Let Me Entertain You“, излегува на сцена со кожни панталони, откриени тетоважи на рацете, нова русокоса фризура, што го подобрува имиџот „bad boy“ кој 41 годишниот Роби го прикажува уште од почетоците на неговата успешна кариера.
Спектаклот на популарниот „г-дин Милениум“ содржи и елементи на кабаре во свој сјај и ретро „глам“, бројно пресоблекување костими, многу танц, но и традиционалното одушевување на женскиот род. Она што посебно ги радува фановите е изборот на неговите најголеми хитови, кои на оваа турнеја за прв пат досега ги изведува сите: “Angels”, “Feel”, “Millennium”, “Rock DJ”, “Road to Mandaley”, “No Regrets”, “Kids”, “Bodies”, “Candy”, “Tripping”, “Monsoon”, “Come Undone”, “Better Man”, “Supreme”, “She’s the One” и многу други.
САКАШ ДА БИДЕШ ДЕЛ ОД ГОЛЕМИОТ КОНЦЕРТ НА РОБИ ВИЛИЈАМС ВО БЕЛГРАД? ОСТАНУВААТ УШТЕ МАЛКУ ДЕНА ЗА ДА ЈА НАБАВИШ СВОЈАТА ВЛЕЗНИЦА!
Влезниците во Македонија пронајдете ги преку продажната мрежа на МКтикетс, на http://mktickets.mk/robbie_williams
Влезниците за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:
ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.750 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.
ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ + организиран превоз – 6.100 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД + организиран превоз – 7.150 ден.
ТРИБИНИ + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.
САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден
www.robbiewilliams.rs
www.facebook.com/events/340701939474319
Организатори на концертот се „Егзит Тим“ и „Скајмјузик“, со поддршка на „Арена Белград“ и „ААА продукција“.