МК Сцена
БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ЗА СИТЕ: 100-та изведба на претставата „Свадбата на Фигаро“ во МНТ
На 22 февруари во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар по 100-ти пат ќе се одигра „Свадбата на Фигаро“ една од најгледаните претстави во изминатите години.
Претставата „Свадбата на Фигаро“ во режија на Леван Цуладзе а по текст на Пјер Бомарше беше премиерно изведена на 22 јули 2011 год.
За јубилејната 100-та изведба МНТ на публиката ќе и овозможи слободен влез, билетите може да ги подигнат во текот на денот, на секој гледач му следуваат по два билета.
Да наздравиме за Le Figaro!
Играат: Сашко Коцев, Нино Леви, Дарја Ризова, Драгана Костадиновска, Славиша Кајевски, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Томе Витанов, Марија Новак, Ивица Димитријевиќ и Александар Михајловски.