Сцена
Бијонсе по две години со нова песна
Американската поп ѕвезда Бијонсе по две години објави нова песна, чиј текст и спот е посветен на движењето „Животите на црнците се важни“.
Новата песна „Formation“ и спотот Бијонсе ги објави синоќа, само еден ден пред да настапи пред десетина милиони телевизиски гладачи на полувремето на финалниот натпревар на првенството на националната лига на американскиот фудбал.
Песната претставува подарок за фановите на пејачката и може бесплатно да се симне од „TIDAL“, чии сопственици се Бијонсе, нејзиниот сопруг Џеј Зи, Ријана и други пејачи.
Спотот, кој е снимен во Њу Орлеанс, содржи референци на движењето „Животите на црнците се важни“ кое протестира против полициската бруталност кон Афроамериканците.