Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Биди дел од најголемото првоаприлско дефиле на маски!

Настани

Биди дел од најголемото првоаприлско дефиле на маски!

Први април е еден од најомилените денови на децата, но и возрасните, бидејќи токму на „Денот на шегата“ се празнува среќата, смеењето, маскирањето и шегувањето. Верувале или не, оваа традиција во светот постои неколку векови, а фасцинантно е тоа дека таа е раширена еднакво и на Западот и на Истокот, а последните децении нејзината популарност вртоглаво расте.

Skopje City Mall како и секоја година се приклучува на првоаприлската прослава на шегата и смеењето и на „Денот на шегата“ организира Конкурс на најдобри маски од основните училишта кои ќе имаа свое големо дефиле низ најголемиот мол во нашата држава кој обезбеди 15 подароци од Просветно Дело и тоа по различни категории: позитивни ликови (прво, второ и трето место), негативни ликови (прво, второ и трето место), рачно изработени маски, најмлад учесник, а за најдобрата групна маска Синеплекс добитниците ќе имаат моќност да гледаат заеднички еден од филмовите.

Освен разиграното, весело и големо дефиле на маски, ќе биде отворен и онлајн конкурс за најдобри маски фотографирани низ Skopje City Mall на први април од 17:00 до 22:00 часот со фотопатрола која што ќе фотографира низ молот и ќе ги овековечи најинтересните и најиновативните маски. Најдобрите три маски ќе добијат SONY дигитален апарат, Таблет Allview и компјутерска игра.

Во 18:00 часот следува дополнителна забава на 2-от кат во која ќе учествуваат пинковите ѕвезди, како и DЈ-и од популарните скопски радија.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.