МК Сцена
БЛЕСНА НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ: Јана Бурческа во зелен фустан на гламурозното отворање во Киев
Официјално започна новата работна недела, а со тоа и евровизиската треска на милионите фанови ширум светот кои овој вторник, четврток и сабота ќе го следат 62-то издание на изборот за песна на Евровизија.
Вчера во Киев се одржа и официјалното отворање на европското музичко дружење каде на црвениот тепих продефилираа пејачите и делегации на земјите учеснички, меѓу кои и македонската делегација на чело со Јана Бурческа.
Јана блесна на црвениот тепих во Киев во прекрасна зелена тоалета, дело на дизајнерката Антонија Ристовска, а за шминката и фризурата се погрижи Александар Дадар, кој сподели фотографии со 23-годишната пејачка на неговиот инстаграм профил.
Јана настапува на големата сцена во четврток, во втората полуфинална вечер, додека големото финале ќе се одржи на 13 мај.