Сцена
Блум на Кети Пери за роденден и подари 100 рози
Орландо Блум (39) во моментов се наоѓа во Кина, каде го снима филмот „Smart Chase: Fire & Earth“ и поради тоа не можеше да присутвува на 32. роденден на неговата девојка Кети Пери.
– Орландо реши да ја изненади и и испрати 100 рози на нејзината адреса, изјави пријателка на Кети, и додаде дека гласините за прекин на нивната врска се невистинити.
Двојката е во врска осум месеци.
Кети во 2012 година се разведе од комичарот Расел Бренд (40), а Орландо во 2013 од манекенката Миранда Кер (33).