Сцена
Боб Дилан нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда
Американскиот музичар и поет Боб Дилан нема да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за литература поради „други обврски“, соопшти денеска Шведската академија.
Академијата вчера примила писмо од Дилан во кое објаснува дека е спречен да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за литература во декември во Стокхолм.
– Се надевав дека лично ќе ја примам наградата, но за жал ме спречија други обврски. Се чувствувам неверојатно почестен што ми е доделена Нобеловата награда, пишува Дилан во писмото.
Академијата истакна дека ја почитува одлуката на Дилан, но оти е невобичаено за добитниик на Нобелова награда да не се појави на церемонијата.
– Боб Дилан наградата мора да ја прими во рок од шест месеци. почнувајќи од 10 декември. Тоа е единствено барање, потенцира Академијата.
Неколкумина претходни добитници на Нобеловата награда од различни области не присуствуваа на доделувањето – Дорис Лесинг поради старост, Харолд Пинтер беше во болница, а Елфриде Јелинек имаше социјална фобија.