Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Боби Мојсовски во суперфиналето на Х-Фактор

МК Сцена

Боби Мојсовски во суперфиналето на Х-Фактор

Насловна фотографија: YouTube / Printscreen

Единствениот преостанат македонски претставник во втората сезона на „Икс-фактор“, Боби Мојсоски ќе пее во суперфиналето на шоуто закажано за недела. Шансите Македонија повторно да победи се големи.

Иако до сега добро го негуваше епитетот „Крал на баладите“, Боби синоќа докажа дека одлично се снаоѓа и во исполнување на песна со побрз ритам.

Во полуфиналната вечер, тој избра да ја пее песната „Counting Stars“ од One Republic, која ја посвети на своите родители.

Синоќа на полуфиналната вечер во Белград испаднаа двајца од осумте преостанати кандидати. Хрватот Антонио Грубишиќ го напушти шоуто директно, бидејќи имаше најмал број на гласови од публиката.

Песна за спас пееја Магдалена и дуото Аднан и Тарик, кои досега важеа за фаворити.

Финалето е закажано за недела во Комбанк арената во Белград, а гостин ќе биде светски познатата ѕвезда Џејмс Артур. Победникот добива 20.000 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=a-2OOIRP18w

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.