Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

БРЕД ПИТ: „Често бев многу пијан и тоа стана голем проблем!“

Сцена

БРЕД ПИТ: „Често бев многу пијан и тоа стана голем проблем!“

Актерот првпат отворено разговараше за разводот со Анџелина Џоли, борбата со алкохолот и колку нивната разделба имаше влијание на децата.

Во разговорот, Бред Пит ја спомна и неговата поранешна сопруга и ги повика сите да го гледаат нејзиниот нов филм за Камбоџа.

Бред откри и дека престанал да конзумира алкохол и потврди дека започнал со лечење на таа зависност.

– „Бев премногу пијан и тоа стана голем проблем. Навистина сум среќен што помина скоро половина година без капка алкохол и повторно си ги вратив назад чувствата“ – изјави актерот кој додаде дека бил толку добар во пиењето, што би можел да надпие дури и Русин.

На прашањето како така лесно одлучил да престане да пие, одговорил дека тоа едноставно бил живот кој не сакал повеќе да го живее.

– „Во тој период ги согледав сите мои стравови и слабости.  Мојата најголема борба е борбата за правда, но во светот не е се така розово. И тоа го кажувам јас, човек чиј живот е добиен на лотарија“ – додава Пит.

За него било премногу тажно да го минува времето во фамилијарната куќа на „Холивуд хилс“ каде често престојувал со своите деца, па затоа периодот по разводот решил да го помине кај пријатели во Санта Моника.

Тоа што во моментот го загрижува е целата прашина која се дигна околу неговите деца додека тој и Анџелина се борат за старателство над нив.

– „Најмногу сум загрижен за моите деца. Начинот на кој се пишуваше за нив не беше нималку добар, туку на начин да се зголеми читаноста или продажбата на одреден медиум. Бидејќи сензацијата скапо се продава, моите деца станаа објект за продавање и тоа најмногу ме боли!“ – изјави 53-годишниот актер.

На фотографиите објавени по разводот можеме да видиме и дека Бред Пит многу ослабнал, а извор близок до актерот изјавил дека сепак тој се чувствува одлично и е потполно здрав и дека работите во семејството се одвиваат во добар правец во кој сите се среќни.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.