Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бруно Делбонел добитник на „Златна камера 300“ за животен опус на 45. издание на „Браќа Манаки“

Сцена

Бруно Делбонел добитник на „Златна камера 300“ за животен опус на 45. издание на „Браќа Манаки“

Францускиот и светски кинематограф Бруно Делбонел е добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола.

Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што фестивалот „Браќа Манаки“ му ја додели во 2011 година, по 13 години Делбонел им се придружува на светските кинематограферски великани, сега закитен со „Златна камера 300 за животен опус“.

Роден е во 1957 година во Нанси, Франција. Студирал филозофија на Сорбона, а дипломирал во 1978 година на ESEC (Ecole Superieure d’Etudes Cinematographique), популарна и ценета школа за кинематограферски студии во Париз.

Кинематографот првпат е номиниран за оскар во 2002 година за филмот „Необичната судбина на Амели Пулен“, но пред тоа во 2001 година на фестивалот во Карлови Вари го освоил „Кристалниот глобус“ за овој филм.

„Тоа во аналите на овој фестивал останува како најголемо откритие на дело од француската кинематографија, а организаторите на Кан ги остави разочарани поради сторениот превид, бидејќи пропуштиле тие да го лансираат овој антологиски авторски филм кој важи и за еден од најкомерцијалните. Делбонел со „Амели“ на 44 години достигнал светска слава и во овој филм креирал „визуелно маестрално ремек-дело, рефлектирајќи го бајковитиот, обично – необичен свен на Амели““, појаснуваат од „Браќа Манаки“.

Покрај номинацијата за Оскар, кинематографот за овој филм ги добил и номинациите за „БАФТА“, „ASC“ (Американсо друштво на кинематографери), како и за наградата „Цезар“, а ја освоил и наградата на „ЕФА“ (Европската филмска академија) за најдобар европски кинематографер.

Делбонел има вкупно шест номинации за Оскар и за филмовите: „Многу долга венчавка“, „Хари Потер и полукрвниот принц“, „Внатре во Левин Дејвис“, „Најмрачен час“ и „Трагедијата на Магбет“.

Во 2019 Бруно Делбонел бил назначен за шеф на кинематограферскиот отсек на Прочуената париска филмска школа, La Femis, за да ги пренесе своите професионални кинематограферски искуства и знаења на новите генерации студенти и идни кинематографери.

Оваа година се очекува на Фестивалот да присуствуваат досегашни добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело во чест на јубилејното 45. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.