Сцена
Чарли Ханам откри зошто ја одбил главната улога во „50 нијанси сиво”
Улогата на Кристијан Греј во филмот „50 нијанси сиво“ првично му била понудена на глумецот Чарли Ханам, но тој решил да ја одбие, што предизвика повеќе шпекулации за причините за ваквата одлука.
Конечно по ова прашање се огласи и самиот Ханам, кој рече дека не е воодушевен од „толку интензивни секс сцени“, кои, меѓу другото, би можеле и да ја загрозат неговата врска.
– Посветен сум на врската и знам дека сексот пред камери баш и не и се допаѓа на мојата девојка. Тешко е да се отвориш емотивно пред камера, а тоа на гледачите да им делува искрено. Тоа пак, не е мојот омилен дел од работата, појасни Ханам.
Како причина повеќе, тој ја наведе и својата опседнатост со чистотата и стравот од бактерии.