Сцена
ЧЕСТИТКА ВО БЕЛО: Кардашијан ви ја честитаат Новата 2019!
Семејството Кардашијан ви го честита Божик! Клои сподели фотографија на која се таа и нејзините сестри, како и нивните девет деца – во заедничка семејна идила.
„Среќен Божик! Ви посакуваме многу љубов и уживање. Ова е мојот најдраг и најубав Божик досега. Имам сè што ми е потребно. Имам семејство!“, напиша таа под фотографијата.
Ким Кардашијан, пак, на Твитер даде објаснување за недостигот на дел од семејството и напиша дека оваа годинафотографија ја направиле во последен момент, бидејќи распоредот им е пренаптрупан и дека нејзиниот сопруг Канје постојано е надвор од градот.
На фотографијата ја нема и нивната мајка Крис Џенер, а како што пренесе Ким, таа била отсутна бидејќи е на важен состанок.