Сцена
ЦРВЕН ТЕПИХ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Се доделија 68-те „Еми“ награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Најблескавите ѕвезди од големите телевизиски серии се најдоа на црвениот тепих во неделата на една од најжешките ноќи во холивудскиот календар – 68-то доделување на наградите „Еми“.
На манифестацијата продефилираа Софија Вергара, Пријанка Чопра и Емили Ратајковски кои го привлекоа сечие внимание на црвениот тепих во Лос Анџелес во прекрасни црвена, бела и сина тоалети.
Емили не му препушти ништо на случајот на нејзиното прво појавување на оваа церемонија, носејќи креација од Зак Позен. Софија блесна во креација на „Атеље Версаче“, истакнувајќи ги своите облини, а Пријанка во скарлетно црвениот фустан на Џејсон Ву ја покажа сета своја егзотичност.
На листата на најдобро облечени се најдоа и Емили Кларк, Кристен Бел, Хајди Клум, бремената Кери Вашинготн, Кирстен Данст…
Втора година по ред серијата „Игра на тронови“ триумфира на престижните телевизиски награди Emmy awards што беа доделени вчеравечер. Покрај наградата за најдобра драмска серија, еден од најуспешните проекти на HBO е награден за најдобра режија, сценарио, како и во повеќе категории за технички постигнувања. Серијата сега има вкупно 38 „Еми“ награди, со што го надмина рекордот на „Фрејзер“, кој имаше 37 победи.
Најголемо изнендување и освежување се победниците во категоријата за најдобра машка и женска улога во драмска серија: Реми Малек („Mr. Robot“) и Татијана Маслени („Orphan Black“). Најдобра споредна машка ролја во драма има Бен Манделсон (Bloodline), а кај дамите- повторно легендарната Меги Смит од серијата Downton Abbey.