Сцена
Црвеното „Ферари“ на Трамп денеска се продава на уакција во Флорида
Некогашното црвено „Ферари“ на Доналд Трамп денеска ќе се продава на аукција во американската држава Флорида, со почетна цена меѓу 250 и 350.000 долари, пренесоа француските медиуми.
Болидот „Ферари Ф430“, што Трамп го купил во 2007 година и го поседувал четири години, ги привлече погледите на почитувачите на автомобили и на познавачите на политиката.
-Има големи очекувања за вредноста на ова возило, изјави претставник на аукциската куќа „Auctions America“, специјализирана за наддавања на класични автомобили.
Доналд Трамп веројатно е единствениот американски претседател кој поседувал суперавтомобил, забележува аукциската куќа.
Трамп со него минал приближно 4.000 километри и тоа во времето кога беше магнат за недвижни имоти.
Името на неговиот сегашен сопственик не се соопштува.