Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Д ФЕСТИВАЛ ОДБРОЈУВА: 100 дена до новото фестивалско издание

МК Сцена

Д ФЕСТИВАЛ ОДБРОЈУВА: 100 дена до новото фестивалско издание

Позитивните впечатоци од последното издание на Д Фестивал повторно го добиваат својот интензитет како што се приближува времето за новото, шесто издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас. Подготовките се во полн ек, а за точно 100 дена од денес, Д ФЕСТИВАЛ повторно ќе се одржува со тридневна програма, од 15 до 17 јули во Дојран.

И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.

Како што и очекувавме, јубилејниот петти Д ФЕСТИВАЛ беше најголемо, најпосетено и најнезаборавното издание досега! Фестивалот лани повеќекратно ги сруши сопствените рекорди: во големината на просторот на кој се одвиваше програмата, бројот и разновидноста на изведувачите, вкупниот број на посетители, како и бројот на фестивалските туристи во Дојран. Заедно со фестивалскиот камп, Д ФЕСТИВАЛ уште еднаш се покажа како еден од најзначајните културно туристички настани во Македонија и го потврди својот статус на единствен open-air музички фестивал кај нас, во вистинското значење на оваа категорија.

Веќе шеста година по ред со континуиран раст овој настан ја зацврстува својата традиција и како референца за најспецифично музичко соединување кое привлекува повеќе од 10.000 посетители дневно. Но, Д ФЕСТИВАЛ не е само фестивал, туку настан со силна порака и своевидно движење за позитивни општествени промени и стимулирање на еволуцијата на човечката свест, користејќи ги креативните индустрии и врвните глобални уметнички случувања, како начин за пренесување на универзалната порака за љубов и слобода.

Како што информира фестивалската прес-служба, во наредните 100 дена, организаторот на фестивалот ангажирајќи го сиот свој расположлив капацитет, ќе даде отчет за сите активности кои тимот на Д ФЕСТИВАЛ ги подготви за овогодишното издание: различните програмски сегменти, музичките изведувачи, новостите во фестивалскиот камп, информациите за влезниците, новиот изглед и дизајн на Фестивалот, филмските проекции, арт-инсталациите, спортските и гејминг зоните, централните теми на Фестивалот, фестивалските бини, но и тајните концерти. Во наредните 100 дена, јавно ќе бидат презентирани гостите и пријателите на фестивалот кои ќе се погрижат за уникатните забавни и културни активности и уште 100тина други интересни содржини наменети за посетителите и фановите на Д ФЕСТИВАЛ. Имено, истите уште сега можат да го дадат својот глас за Д ФЕСТИВАЛ кој е номиниран за МАН наградите во категоријата „Најдобар алтернативен фестивал. (Линк за гласање: http://blabla.mk/man-glasanje/ ).

МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА на Д ФЕСТИВАЛ 2016 ќе се одвива на повеќе од 6 фестивалски бини и „тајни“ локации. Само во рамки на музичката програма, Д ФЕСТИВАЛ повторно ќе биде домаќин на повеќе десетици изведувачи, а посебно место меѓу нив имаат претставниците од домашната музичка сцена. Воедно позиционирајќи се и како единствено место од оваа големина за промоција на квалитетната музика, Д ФЕСТИВАЛ ги отвора своите бини за сите македонски музичари и музички групи кои сакаат да го претстават својот звук пред илјадниците фестивалски фанови, без разлика дали станува збор за демо-бендови, нови имиња или веќе етаблирани претставници на музичката сцена.

Како фестивал кој уште од своето оформување го поддржува општествениот активизам на младите, Д ФЕСТИВАЛ посветува посебно внимание на ПОДДРШКА НА ВОЛОНТЕРСТВОТО поттикнувајќи ги младите да се активираат, да стекнат работни искуства и да се запознаат со луѓето од целиот регион и пошироко. Во духот на постојаниот напредок, секоја година ја афирмираме волонтерската програма во чии рамки Д ФЕСТИВАЛ ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот и на тој начин да станат дел од нашиот тим.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.