МК Сцена
„Д Фестивал“ со комплетна програма за највозбудливите целовечерни забави на LAKE AWAKE!
За точно еден месец, на 6-ти јули започнува новата фестивалска авантура на Д ФЕСТИВАЛ – единствениот културно-уметнички настан во Македонија кој во целост ги претставува глобалните вредности на големите open-air музички фестивали!
Со раскошна мултидисциплинарна програма, фестивалски камп и импресивен број учесници и активности, Д ФЕСТИВАЛ ова лето ќе се одржува од 6-ти до 8-ми јули во Дојран. Од вкупно четирите Фестивалски бини резервирани за музичките изведувачи, LAKE AWAKE бината е првата кој веќе целосно ја комплетира својата програма.
Станува збор за местото на Д ФЕСТИВАЛ традиционално резервирано за репрезентативните музички колективи од Македонија кои во улога на програмски селектори ја преземаат LAKE AWAKE бината и ни ги претставуваат своите врвни имиња задолжени за препознатливите целовечерни забави на Д ФЕСТИВАЛ со кои ги дочекуваме изгејсонцата во Дојран.
LakeAwake бината ова лето ќе биде поставена на плажата Свети Никола во Дојран, а на првата фестивалска вечер, на 6-ти јули имаме чест да ги пречекаме претставниците на скопската екипа FUNKY FRESH која ќе го стартува погонот на оваа бина со настапите на главните виновници за огромен број на фантастични забави низ земјава и три ултимативни синоними за одлична журка и квалитетен хип-хоп, р’н’б и фанк звук: СТРАЈК, ЧВАРЕ и ГОЦЕ САФ!
Саботната вечер, на 7-ми јули LAKE AWAKE бината е резервирана за транс музиката која на Д ФЕСТИВАЛ и оваа година ни ја претставува најрепрезентативниот македонски уметник од прогресив транс сцената Egorythmia овој пат во улога на куратор на програмата, а која ја предводи ни повеќе ни помалку туку глобално докажаниот и еден од водечките псајтранс изведувачи SONIC SPECIES од Лондон,Велика Британија. Покрај настапот на Sonic Species, програмата за транс вечерта на LAKE AWAKE STAGE ја заокружуваме со неприкосновената екипа која ја претставува домашната сцена и тоа диџеите DJANTRIX, MODUAL и TENGRI!
Во недела, на 8-ми јули нѐ очекува импресивна вечер со официјалното затворање на Д ФЕСТИВАЛ токму со програмата на LAKE AWAKE бината која пак оваа вечер ќе биде домаќин на роденденската прослава на TRAP DA FUCK UP екипата. Колективот кој прерасна во водечко движење за трап музика во Македонија, на Д ФЕСТИВАЛ го прославува својот 4-ти роденден, а гаранцијата за епска славеничка забава пристигнува со настапите на: IRIE SCRATCH, DRUGGY, GLOOMIÉ, NEOX, PETR X OGI, DON PLAYA и BON PRASKIZA!
Покрај LakeAwake бината, импозантната тридневна музичка програма на Д ФЕСТИВАЛ која подразбира повеќе од 50 концертни настапи, ќе се одвива уште на три фестивалски бини: главната бина, Москито и Чрч Стејџ. Своите настапи од 6-ти до 8-ми јули во Дојран досега ги потврдија и PAUL VAN DYK, АРХАНГЕЛ, DISCIPLES, FINK, SEVDALIZA, ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, PUSSY RIOT, ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, SMUT, SONIC SPECIES, WHO SEE, TRAP DA FUCK UP, FRENKIE, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ, BRKOVI, HELEM NEJSE, KOALA VOICE, ПАЛИНДРОМ, CONSPIRACY, KI, ПОСЛЕДЕН УДАР, RGB, CUT YOUR NIPPLE, ANNA O, MAN IN A SUIT и REDUCED TO ASHES.
И тоа не е сѐ! Наскоро ќе бидат објавени и други музички изведувачи на Д ФЕСТИВАЛ, но и останатите учесници и гости на Фестивалот задолжени за дополнителната програма и активностите кои ќе се одржуваат во ПлоштАРТ и бројните различни зони на Фестивалот, а со кои учесниците во тридневната фестивалска авантура се бројат во стотици!