Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Да престане врсничкото насилство – другаризацијата е начин на живот

МК Сцена

Да престане врсничкото насилство – другаризацијата е начин на живот

“Колку врсничкото насилство претставува проблем во вашата работа, училиште и воопшто во македонскиот воспитно-образовен процес?“; „Од каде потребата за врсничко насилство кај децата и младите?“; „Како да се спречи, препознае и сузбие врсничкото насилство?“; и многу други прашања беа поставени на „Другаризација“ настанот кој се одржа во Македонскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во недела, 16.12.2018 инициран и во организација на Центарот за Поттик на Креативни Потфати (ЦПКП).

За одговорите на овие дилеми се погрижија многу голем број на соработници, партнери и експерти.

Нивната цел беше да ги запознаат сите симптомите на врсничкото насилство и како тоа да се покори. На настанот учествуваа Вида Гаврилоска и Александра Петровска од „Институтот за Брак, Семејство, и Системска Пракса АЛТЕРНАТИВА“, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, Боба Хаџи Христова и Викторија Коцевска (ХЕСЕД), Кристина Арнаудова (Проект Среќа), Павле Костадинов (Здружени Сите Заедно), Искра Донева, Никола Галевски (ЦПКП) и многу други.

Тие, заедно со организаторите ги пофалија, и им се заблагодарија на младата актерка Изабела Пан, и на младите македонски YouTube-ри Никола Art House, 100Јан, Cika Thunder, Slick, Bambo, Lordofails, Ib Production, Marta Devilish и Боби BeatBox. Нивните видеа беа емитувани за време на настанот. Без нив и организациите како „Здружение на Млади Правници“, „Проект Среќа“, младинската организација „Поема“, Здружение на граѓани „Хесед“, „Евангелско Протестантската Иницијатива“, Здружение на граѓани „Здружени Сите Заедно“, хуманитарна организација „АГАПЕ“, „Искра“, Институт за Брак Семејство и Системска Пракса „Алтернатива“ и други „Другаризација“ немаше да го оствари стручните панели.

За големи општествени промени се потребни клучните актери. „Другаризација“ ја имаше можноста да соработува со едни од најдобрите. Заедно со нив повикува на другаризација како начин на живот, а не моментално решение на проблемот со врсничко насилство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.