Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дали се сеќавате на момчето што во 2008 година ја претставуваше Македонија на детска Евровизија?: Боби Андонов со нов сингл и спот

Сцена

Дали се сеќавате на момчето што во 2008 година ја претставуваше Македонија на детска Евровизија?: Боби Андонов со нов сингл и спот

Боби Андонов е македонски пејач, текстописец и продуцент, роден во Мелбурн, по потекло од Струмица, а живее и работи во Лос Анџелес.

Македонската публика го памети по настапот на детската Евровизија во далечната 2008-ма година во Кипар, каде на негови 14 години ја претставуваше Македонија. Во конкуренција од петнаесет земји Боби се пласираше на високото петто место со песната „Прати ми СМС“ во продукција на Јованов Рекордс.

Музичката кариера ја почнува на шест годишна возраст, ученик е по пеење, танц, пијано и гитара, а на девет години настапува во младинскиот мјузикл „Брилијантин“. Подоцна тој е избран да биде млад Симба во бродвејската продукција на „Кралот лав” во Мелбурн и Шангај, Кина.

За големината на неговиот талент и потенцијал доби потврда од нашиот најголем Тоше Проески, каде во септември 2007 год. на Австралиската турнеја на Тоше во Мелбурн имаа заедничка изведба на песната „Life is a book”.

Во 2010 година учествува во шоуто „Australia’s Got Talent” каде се пласира во големото финале, а со изведба на песната „Fighter“ од Кристина Агилера завршува на петтото место.

Соработува со „Warner Music“, а во ноември 2015-та Андонов потпишува договор со „Hollywood Records“ и се сели во Лос Анџелес, каде денес живее и работи.

Пред точно една година го објавува синглот „Bad Decisions“, кој се најде во хит филмот на Netflix “After Everything“ и котираше високо на топ листите низ цела Европа.

Горд на своето македонско потекло, пред една недела објавува верзија на „Јовано Јованке“, за која миксот и мастерингот го изработи нашиот познат продуцент Јован Јованов.

„Сакам да објавам нешто и за моите фанови од Македонија, како благодарност за сета љубов и поддршка што ми ја даваат за сите овие години”- изјави Боби.

Вчера на Јутуб беше промовиран најновиот сингл „Between the Lines“ – прва песна од неговиот нов проект за која ќе рече: “Беше патување од првото необично демо. Зборовите зад песната имаат неколку различни значења, малку е мистериозно, но за мене се работи за внатрешната борба, каде што си самиот свој најголем непријател”.

Албумот под наслов „SAINT“ се очекува да излезе на 9-ти мaj.

Боби Андонов во моментот во Лос Анџелес работи на нов албум и на проекти на други изведувачи, но има желба и се надева дека оваа година ќе ја посети Македонија.

 

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.