„Дали си проститутка?“ : Џенифер Анистон доби непријатно прашање на интервју
Џенифер Анистон (52) непријатно се изненадилa за време на интервју за емисијата „This Morning“, бидејќи мислела дека водителката Џоси Гибсон ја прашала „дали е проститутка?“.
За актерката претставувал проблем британскиот акцент на водителката поради што тешко разбирала некои од прашањата. Прашањето кое предизивика најголем проблем било „Аre you a hugger?“, што на Џенифер и звучело како „hooker“, а во превод тоа би значело „Дали си проститутка?“.
Водителката веднаш појасни што е прашањето, но веќе било предоцна. Рис Витерспун која исто така била вклучена во разговорот не можела да престане да се смее.
Оваа ситуација исто така измами насмевки и кај водителите во студиото, а водителката Холи призна: „Ова е нешто најдобро што некогаш го имам видено на телевизија“.
Ова интервју е во пресрет на втората сезона од популарната серија „The Morning Show“ која ке ја има својата премиера на 17. септември.