Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Даниел Кајмакоски на промотивен евровизиски концерт во Амстердам

МК Сцена

Даниел Кајмакоски на промотивен евровизиски концерт во Амстердам

Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски викендов ќе престојува во Амстердам, Холандија, кадешто се одржува најголемиот промотивен настан по повод Евровизија, Eurovision in concert.

Дваесет и четири евровизиски претставници ќе земат учество на концертот кој ќе се одржи денеска во салата Мелквек, кадешто пред бројните фанови и евровизиски медиуми ќе настапи и Кајмакоски  и ќе ја претстави во живо ″Autumn Leaves″.

Напорната агенда продолжува за Келн и Брисел, каде Кајмакоски ќе има гостувања во радио емисии.

– Оваа година навистина се потрудивме да бидеме присутни на што повеќе промотивни настапи, па Даниел Кајмакоски ќе биде гостин и на гала забава во Москва, Русија, кадешто на 24-ти април ќе настапи со евровизиската ″Autumn Leaves″ во концертната сала Корстон пред  1000 гости, вели Мери Попова, шеф на Македонска Евровизиска Делегација.

Настанот, додава таа, ќе биде проследен од најзначајните руски и медиуми од Белорусија и Азербејџан, па затоа се смета за исклучителна можност  Даниел и нашата евровизиска песна да бидат забележани од што повеќе публика.

Интерес за Даниел Кајмакоски има и во Виена, каде е поканет да биде специјален гостин и во емисија на Австриската национална телевизија.

Промотивната евровизиска турнеја во организација на Македонската Радио Телевизија Кајмакоски ја започна со гостување во соседна Албанија. Лобирањето започна од Тирана, каде на покана на националната Албанска радио телевизија, Кајмакоски беше гостин во Дневникот на АРТВ, а имаше и повеќе интервјуа за радио и телевизиски емисии за албанскиот национален сервис.

Даниел со својот тим вчера престојуваше во Белград, на заедничко дружење со фановите и медиумите од Србија, организирано од страна на ОГАЕ Србија. Во централниот хол на шопинг центарот Ушче Кајмакоски се сретна со претставниците на Србија, Црна Гора и со претставникот на Молдавија, Едуард Романиута, кој оваа година ќе го отвори првото евровизиско полуфинале.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.