Сцена
Даниел Њумен „излезе од плакарот“
Ѕвездата од серијата „Walking Dead“, Даниел Њумен „излезе од плакарот“, односно јавно призна дека е хомосексуалец, со што изненади многумина, иако и претходно се шпекулираше околу тоа.
– Признавам дека сум геј и горд сум на тоа. Ве сакам сите. Бидете и вие горди на себе. На светот сме му потребни сите, баш онакви какви што сме, напиша тој на Твитер, по што имаше и трпение да одговара на секој коментар од своите фанови.
Подоцна глумецот објави и видео, каде објасни зошто се одлучил на светот да му каже за својата сексуална определба.
I'm #OUTandPROUD #LGBT Love you guys. Be proud to be yourself. We need everyone just the way you are! I'll chat with you guys tonight
— DanielNewmaη (@DanielNewman) March 30, 2017
Имено, една активистка од прифатилиштето за ЛГБТ тинејџери, каде што и тој самиот е волонтер, му се заблагодарила за помошта и неговата посветеност во центарот. Тогаш, како самиот вели, сфатил дека тоа треба да сподели со цел свет.