Сцена
Дејвид Бекам ја менува професија: Англискиот фудбалер ќе се посвети на глумата
Познатиот поранешен англиски фудбалер одлучи да ја „смири“ топката и во целост да се посвети на глумата.
Откако се проба во филмот „Кралот Артур“ на режисерот Гај Ричи, Бекам изјави дека би сакал повторно да глуми, односно дека сака да го надгради своето актерско искуство и види каде ќе го однесе.
Бекам во мај 2013 година, по над 20 години активна фудбалска кариера, одлучи на 39. години да се повлече од теренот и пензионира, наведува британскиот весник „Индепендент“.
– Многу сум свесен дека голем број славни личности и спортисти се пуштиле во актерските води, но од тоа не било ништо, изјави Бекам за магазинот „Тајмс“.
Знам дека станува збор за многу тешка професија, што бара многу вештини и дисциплина. Не би сакал да идам понатаму, без да научам нешто повеќе за тоа и да минам повеќе време во вежбање. – Но, многу уживав во тоа што го правев до сега. Имам сила да се борам со тоа. Јас сум позната личност и навикнат сум на критика, истакна Бекам.