МК Сцена
Децата со оштетен слух вечерва ќе го отворат Суперкупот со песната „Скај фул оф старс“
Фондацијата на УЕФА за деца и оваа година на Суперкупот ќе има активно учество на церемонијата со која ќе се отвори пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на „Филип Втори“.
Дечиња со оштетен слух ќе настапат и на знаковен јазик ќе ја испеат пезната „Скај фул оф старс“ на „Колдплеј“.
Европската куќа на фудбалот исто така им овозможи и дружба со членовите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Тие имаа прилика да се сретнат со Жозе Мурињо, и да го учат Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на Реал Мадрид знаковен јазик.