Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Декември во Кинотека на Македонија: Месец на јубилеи и филмски класици

Сцена

Декември во Кинотека на Македонија: Месец на јубилеи и филмски класици

Декември во Кинотека на Македонија ветува филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност.

Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови.

„Декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, „Созерцание“ и „Илузија“, публиката ќе има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот“, велат од Кинотека.

Покрај јубилејните остварувања, на големото платно ќе бидат прикажани и два од најактуелните годинешни фестивалски хитови, „Супстанца“ и „Анора“, кои продолжуваат да освојуваат признанија и да ја одбележуваат кинематографијата на меѓународната сцена.

Месецот ќе биде дополнително збогатен со одбележување на два големи филмски јубилеја. Ќе се одбележат 35 години од култниот југословенски филм „Како пропадна рокенролот“, кој со својата уникатна нарација и хумор останува неизбришлив дел од регионалната поп-култура. Дополнително, ќе бидат одбележани и 25 години од премиерата на иновативниот филм „Да се биде Џон Малкович“ – ремек-дело на Спајк Џонз, филм кој револуционизираше жанровски одредници и ја преобликуваше модерната кинематографија.

Програмата е следна:

2 декември (понеделник) 20:00 ч.

НА СÈ ДОАЃА КРАЈ

(Svemu Dodje Kraj)

Игран филм, Хрватска,

2024, 89 мин., колор, ДЦП

Режисер: Рајко Грлиќ (Rajko Grlic)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа (Rajko Grlic, Ante Tomic, Miroslav Krleza)

Улоги: Jелена Ѓокиќ, Борис Исаковиќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Живко Аночиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски (Jelena Đokić, Boris Isaković, Emir Hadjihafisbegovic, Živko Anočić, Janko Popović Volarić, Ksenija Marinkovic, Marina Redjepović, Petar Arsovski)

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

5 декември (четврток) 20:00 ч.

35 ГОДИНИ

КАКО ПРОПАДНА РОКЕНРОЛОТ

(Како је пропао рокенрол)

Игран филм, Србија

1989, 98 мин., колор, ДЦП

Режија: Зоран Пејановиќ, Горан Гајевиќ, Владимир Славица

Сценарио: Бранко Вукојевиќ, Билјана Пајкиќ, Александар Баришиќ

Улоги: Срѓан Тодоровиќ, Аница Добра, Небојша Бакочевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ

 

5 декември (четврток) 18:00 ч.

КАРИРАН НИНЏА 2

(Ternet ninja / Checkered Ninja)

Игран анимиран филм, Данска,

2021, 86 мин., колор, ДЦП

Режисер: Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен (Thorbjørn Christoffersen, Anders Matthesen)

Сценарио: Андерс Матесен (Anders Matthesen)

Возрасна категорија: 8 години

Влезница: 150 денари

 

6 декември (петок) 19:00 ч.

БОЖИЌНО ТАНГО

(The Christmas Tango/To tango ton Hristougennon)

Игран филм, Грција,

2011, 102 мин., колор, ДЦП

Режисер: Никос Кутелидакис (Nikos Koutelidakis)

Сценарио: Вагелис Насис, Јанис Ксантулис (Vagelis Nassis, Giannis Xanthoulis)

Улоги: Јанис Безос, Јанис Станкоглу, Антиноос Албанис (Giannis Bezos, Giannis Stankoglou, Antinoos Albanis)

Возрасна категорија: 12 години

Влезот е бесплатен

 

7 декември (сабота)18:00 ч.

10 декември (вторник) 18:00 ч.

ПРАЗНИ МРЕЖИ

(Empty Nets/ Leere Netze)

Игран филм, Германија, Иран

2023, 101 мин., колор, ДЦП

Режисер: Бехруз Карамизаде (Behrooz Karamizade)

Сценарио: Бехруз Карамизаде (Behrooz Karamizade)

Улоги: Хамид Реза Абаси, Садаф Асгари, Кејван Мухамади (Hamid Reza Abbasi, Sadaf Asgari, Keyvan Mohammadi)

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

7 декември (сабота) 20:00 ч.

20 ГОДИНИ

КАКО УБИВ СВЕТЕЦ

(How I Killed A Saint)

Игран филм, Македонија, Франција

2004, 82 мин., колор, 35мм

Режија: Теона Стругар Митевска

Сценарио: Теона Стругар Митевска, Метју Бардин (Matthew Bardin)

Улоги: Лабина Митевска, Милан Тоциновски, Џевдет Јашари (Xhevdet Jashari, Łabina Mitevska, Milan Tocinovski)

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

10 декември (вторник) 20:00 ч.

20 ГОДИНИ

ГОЛЕМАТА ВОДА

(Great Water)

Игран филм, Македонија

2004, 93 мин., колор, 35мм

Режија: Иво Трајков

Сценарио: Владимир Блажевски, Иво Трајков

Улоги: Апостоловски Митко, Мето Јовановски, Верица Најдоска, Ристо Гоговски, Сашо Кекеновски, Николина Кујача , Маја Станковска

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

11 декември (среда) 18:00 ч.

15 ГОДИНИ

СОЗЕРЦАНИЕ

(Sozercanie)

Игран филм, Македонија

2009, 90 мин, ДЦП

Режија: Иво Трајков

Сценарио: Божена Немцова, Иван Арсењев, Јан Штехлик

Улоги: Давид Свехлик, Карел Зима, Верица Недеска, Магдалена Сидонова

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

11 декември (среда) 20:00 ч.

20 ГОДИНИ

ИЛУЗИЈА

(Mirage)

Игран филм, Македонија

2004, 103 мин., колор, 35 мм

Режија: Светозар Ристoвски (Svetozar Ristovski)

Сценарио: Светозар Ристoвски (Svetozar Ristovski)

Улоги: Владо Јовановски, Марко Ковачевиќ, Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко (Vlado Jovanovski, Marko Kovachevikj, Mustafa Nadarević, Nikola Đuričko)

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

12 декември (четврток) 16:00 ч.

13 декември (петок) 16:00 ч.

ПОБЕДНИЦИ

(Sieger Sein)

Игран филм, Германија

2024, 119 мин., колор, ДЦП

Режија: Солин Јусеф (Soleen Yusef)

Сценарио: Солин Јусеф, Хајде Швохоу (Soleen Yusef, Heide Schwochow)

Улоги: Дилекја Агирман, Андреас Долер, Шерин Мераи (Dileyla Agirman, Andreas Döhler, Sherine Merai)

Возрасна категорија: 8 години

Влезница: 150 денари

 

13 декември (петок) 19:30 ч.

20 години

БУБАЧКИ

(Bugs)

Игран филм, Македонија

2004, 15 мин, колор, ДЦП

Режија и сценарио: Игор Иванов Изи

Улоги: Ѓорѓи Крстевски, Владимир Јачев, Лабина Митевска

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

13 декември (петок) 20:30 ч.

ДО БАЛЧАК

(To the Tilt)

Игран филм, Македонија

2014, 165 мин, ДЦП

Режија: Столе Попов

Сценарио: Горан Стефановски, Столе Попов

Улоги: Инти Сирај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев

Во 20.30 часот ќе се одржи Q & A со режисерот на филмот Столе Попов.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

 

16 декември (понеделник) 19:00 ч.

20 ГОДИНИ

СПИСОКОТ НА ТОНИ МАНЏА

Документарен филм филм, Македонија

2004, 31 мин, ДЦП

Режија и сценарио: Марија Џиџева

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

16 декември (понеделник) 20:00 ч.

20 ГОДИНИ

БАЛ-КАН-КАН

(Bal-Kan-Kan)

Игран филм, Македонија, Италија

2004, 89 мин., колор, ДЦП

Режија: Дарко Митревски

Сценарио: Дарко Митревски

Улоги: Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска, Бранко Ѓуриќ, Тони Михајловски, Никола Којо

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

17 декември (вторник) 20:00 ч.

СУПСТАНЦИЈА

(The Substance)

Игран филм, Велика Британија, САД, Франција

2024, 140 мин., колор, ДЦП

Режисер: Корали Фарже (Coralie Fargeat)

Сценарио: Корали Фарже (Coralie Fargeat)

Улоги: Деми Мур, Маргарет Квуели, Денис Квејд, Хуго Диего Гарсиа (Demi Moore, Margaret Qualley, Dennis Quaid, Hugo Diego Garcia)

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

18 декември (среда) 19:00 ч.

19 декември (четврток) 19:00 ч.

АНОРА

(Anora)

Игран филм, Велика Британија, САД, Франција

2024, 139 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шин Бејкер (Sean Baker)

Сценарио: Шин Бејкер (Sean Baker)

Улоги: Јури Борисов, Рос Бродар, Мајки Медисон, Линдзи Нормингтон, Карен КАрагулиан, Ајву Волк, Марк Ејделштајн, Ваче Товмасјана (Yuriy Borisov, Ross Brodar, Mikey Madison, Lindsey Normington, Karren Karagulian, Ivy Wolk, Mark Eydelshteyn, Vache Tovmasyana)

Влезница: 150 денари

 

20 декември (петок) 20:00 ч.

СЕЗОНА НА КЛАСИЧНИ ФИЛМОВИ

МИС СТОН

Игран филм, Македонија

1958, 97 мин., колор, 35мм

Режисер: Живорад Жика Митровиќ

Сценарио: Ѓорѓи Абаџиев, Трајче Попов

Улоги: Никола Антовски, Дарко Дамески, Драги Костовски, Владимир Медар, Илија Милчин, Тодор Николовски, Драган Оцокољиќ, Петре Прличко, Драги Крстевски-Амфи, Олга Спиридоновиќ

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 

21 декември (сабота) 18:00 ч.

25 декември (среда) 20:00 ч.

ДА СЕ БИДЕ ЏОН МАЛКОВИЧ

(Being John Malkovich)

Игран филм, САД

1999, 115 мин, колор, ДЦП

Режија: Спајк Џоунс (Spike Jonze)

Сценарио: Чарли Кауфман (Charlie Kaufman)

Улоги: Џон Кјузак, Камерон Дијаз, Џон Малкович (John Cusack, Cameron Diaz, John Malkovich)

 

23 декември (понеделник) 20:00 ч.

ТИИИТ ФЕСТИВАЛ

24 декември (вторник) 20:00 ч.

25 декември (среда) 20:00 ч.

26 декември (четврток) 20:00 ч.

АСТЕР ФЕСТ

Кинотека на Македонија ве поканува да станете дел од оваа незаборавна филмска авантура, која низ призма на класиката и новитетот нуди ретроспектива на минатото, но и поглед кон иднината на кинематографијата. Секој филм носи уникатна приказна, но заедничка нишка е љубовта кон уметноста која поврзува генерации.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.