МК Сцена
Деновите на семејни игри го исполнија Аеродром со детски дух и радост
Родители и деца, сите заедно, со ентузијазам и радост се натпреваруваа на „Денови на семејни игри“ на платото пред Капитол мол. Нивната среќа доминираше пред настапите на баскерџиите од Баскерфест Македонија кои го најавија својот фестивал со точки исполнети со мистерија и магија.
„Денови на семејни игри“ беше организиран од страна на Капитол мол со цел да ја врати носталгијата на детските игри во маало. Самиот настан го привлече вниманието на стотици посетители и успехот беше очигледен од насмевките на децата и родителите додека играа школка, се тегнеа со јаже, играа минско поле, вртеа хулахоп и други игри. Најдобрите од четвртокот и петокот влегоа во финалето кое се играше во саботата. Десетици тимови составени од родител и дете беа пријавени и сите кои учествуваа си заминаа со награди од Капитол мол и од партнерите и поддржувачите.
„Денови на семејни игри“ беше поддржан и од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија кои го промовираа проектот #БидиАктивен (#BeActive), кој се одржува во склоп на Европската недела на спортот која е во септември.