МК Сцена
Десет награди ќе бидат доделени на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“
Десет награди ќе бидат доделени на затворањето на 36.издание на фестивалот „Браќа Манаки“ вечерва со почеток во 19.30 часот во Големата сала на Центарот за култура.
На кинематограферите Јаромир Шофр и на Божидар-Бота Николиќ ќе им бидат врачени наградите за животно дело „Златна камера 300“, ќе бидат соопштени најдобрите во Официјалната програма кои ќе се закитат со наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Награди за најдобри филм и кинематографер ќе бидат доделени за програмите „Нов европски филм“ (награда „Бона Деа“) и за „СЕЕ камера“ (награда „Златен Манаки“. Ќе се обрати директорот на фестивалот Димитар Николов.
Во чест на наградените ќе биде прикажан тајванско-кинескиот филм „Убиец“ на режисерот Ху Хсиао-Хсиен и кинематограферот Ли Пинг Бинг.
Водител ќе биде актерот Огнен Дранговски.
Во рамките на затворањето, ќе биде изведен проектот „Мил-тон“ на музичарот Гоце Наумов.