Музика
„Despacito” – апсолутен победник на Латино Греми наградите
Годинешниот мегахит „Despacito” на Порториканците Луис Фонси и Деди Јенки освои најмногу Латино Греми награди на 18-то доделување кое се одржа сношти во Лас Вегас.
Песната победи во категориите: пeснa на годината, најдобро видео, запис на годината и најдобра урбана комбинирана изведба (заснована на мотиви од секојдневието, со примеси на конвенционални жанрови).
Алехандро Санс е прогласен за личност на годината, а таа награда ја посвети на младите имигранти, кои во САД дошле илегално и се познати како „сонувачи”. Санс, покрај тоа, во свечениот говор ги спомена и погодените од природните непогоди во Порто Рико, Тексас, Мексико, Флорида, Доминиканската Република…
Порториканскиот рапер Ресиденте доби награда за најдобар урбан албум – за компилацијата што го носи неговото име, и за најдобра урбана песна – за „Somos Anormales” (Не сме нормални).