Музика
Диџеј Галоски потпиша издание за „Армада мјузик“- издавачката куќа на Армин Ван Бјурен
Предводникот на електронската сцена во Македонија нашиот диџеј и продуцент Галоски потпиша издание за Armada Music издавачката куќа која е во сопственост на еден од најголемите диџеи во светот – Armin van Buuren.
За истото издание веќе се спрема видео запис во Белград кое ќе биде објавено на истиот ден. Ова не е негово прво издание под етикетата на Armada Music.
Галоски веќе години наназад е едно од ретките диџејски имиња од овој регион на Европа кој успева константно да биде дел од светските диџејски плејлисти и врвни издавачки куќи. Само минатата година неговите изданија се најдоа на радио емисии кај светски познати имиња како Hardwell, Avicii, David Guetta, Dimitri Vegas & Like Mike, Afrojack, Nicky Romero.
Годинава само што започна, а веќе e со одлични планови за нашиот диџеј, закажана турнеја во Азија за крајот на Февруари и настап заедно со супер-стар диџејот Афроџек во Љубљана на 30ти Март. Вистински амбасадор на електронската музика од земјава и одличен пример за новите генерации како со напорна работа, амбиции и дисциплина се постигнуваат цели кои навидум изгледаат невозможно.
На прашањето дали следат уште поголеми изненадувања во блиска иднина Галоски ни одговори “Годинава сакам да ги поместам сите граници со настапи на страна на сите најголеми настани ширум светот, да бидам дел од најголемите издавачки куќи и да оставам посебен белег и инспирација за новите генерации дека со џебови полни соништа и напорна работа се е возможно”.