МК Сцена
Диџејот Игор Гарниер вечерва во ноќниот клуб ХО
Игор Гарниер од Белград е музички продуцент, диџеј, композитор и аранжер. Уште од 2005 година активно се занимава со електронската музика.
Веднаш после вториот издаден албум во 2012 -„Love is Taking Control“ отвора и своја издавачка куќа „Watermelon Recordings“.
Соработува со повеќето светски и балкански имиња, а во 2012 година дава директна поддршка на песната „You Can Take My Breath“ на еден од најпознатите светски транс диџеи и продуценти – #DashBerlin.
Има издадено повеќе сопствени албуми, како и повеќе препознатливи ремикси кои моментално се пуштаат насекаде во светот на радио и ТВ, како и во клубови и на фестивали.
Вечерва Гарниер гостува во Скопје, во ноќниот клуб ХО.
ИГОР ГАРНИЕР, овој #петок во XO – eXtraOrdinary!