МК Сцена
ДИНО МЕРЛИН КОНЦЕРТНО ВО ОХРИД: „Еве ме по седум години во мојот омилен град!“ (ФОТО)
На концертот, кој беше проследен со фантастична кореографија и уметнички перформанс, Мерлин се појави со куфер и со огромна насмевка на лицето.
Пред, и до последно место исполнетиот стадион „Билјанини извори” во Охрид, вчеравечер Мерлин не само што ги отпеа најголемите свои хитови, туку и понуди одлично визуелно шоу, исполнето со неверојатни кореографии и уметнички перформанс.
Многубројната публика ги пееше во еден глас големите хитови на легендарниот Мерлин, кој беше дочекан со овации и испратен со воодушевување по спектаклот кој траеше два и пол часа, а на кој присуствуваа илјадници негови фанови како од Македонија, така и од Бугарија, Србија, Косово и од Албанија.
“Све је лаж”, “Супермен”, “Мој је живот Швицарска”, “Месечина”, “Кокузна времена”, “Кад си рекла да ме волиш”, “Све је лаж”, “Кад замиришу јорговани”, “Десет млаѓа”, “Босном бехар пробехарао”… се само дел од темите кои се најдоа на репертоарот на Дино, а заради кои публиката и по неколку часа едногласно пеење сакаше уште, па сосема очекувано повеќепати беше враќан на бис.
– Еве ме по седум години во мојот омилен град, во мојата омилена држава. Убаво е да се биде во Охрид – изјави Дино пред повеќеилјадната публика.
На концертот во вип партерот можеа да се забележат многу познати личности од јавниот живот во Македонија.