МК Сцена
ДОКАЖАН БРЕНД: Бекстејџ по вторпат “Супербренд” на Македонија
Естрадниот магазин Бекстејџ е прогласен за Супербренд на Македонија по вторпат.
На синоќешната церемонија на доделување на признанијата, Бекстејџ по вторпат застана рамо до рамо со најуспешните и најдобрите.
– “Нема подобра потврда од оваа дека се она што правиме изминативе 8 години заслужува признание. Единствени на пазарот, од самиот страт се изборивме за нашиот бренд. Денес 8 години подоцна, зад себе веќе имаме две признанија дека не само што сме бренд, туку сме и Супербренд на Македонија. Бекстејџ низ годините се менуваше, растеше, се развиваше но во ниту еден момент не го изгуби приматот. Екипата.
Да не беше екипата со која што секојдневно во редакција водиме вистински битки за естрадни вести и информации, тешко ќе стигневме до овој втор Супербренд. Благодарна и горда сум на сите до еден. Миа Костова, Мартина Михајловска, Николина Славковска, Кристина Петровска, Елеонора Лозналиева, Ева Јакимовска, Даница Караташова, Марио Наумовски, Андреј Игњатовски, Дејан Дојчиновски, Владимир Стојановски, Александар Блажевски и Петар Наумовски. Ова се имињата кои што се заслужни затоа што вторпат по ред сме рамо до рамо со навистина најдобрите брендови во Македонија. Ова се всушност имињата кои ги бранат боите на Супербрендот за 2015/2016 година во Македонија. Бекстејџ!” – изјави Одговорната уредничка на Бекстејџ, Јулија Цветковска.