Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: АНИ И ДИМИ

МК Сцена

Домашни и странски дизајнери на вториот ден на Моден викенд Скопје 13 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, модната куќа „Линеа“, „Elezi Paris“, Тијана Младеновиќ и Ирина Тошева ги прикажаа најновите колекции на вториот ден на тринаесеттиот Моден викенд Скопје , вчеравечер во салонот „Порше Македонија“.

„Шари и текстури“ е насловот на годинашната тема со која се претставија студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија. Идејата дојде преку актуелните тенденции кои се значајни во однос на дизајнот на текстил и кои во сите временски сезони се актуелни и модерни. Уникатноста на моделите на студентите освен во кројната база и моделирање, автентичноста ја акцентираат и со апликација на дизајниран материјал кој како основа е создаден со различни техники на везење, сликање, дигитален печат и многу други техники.

Македонскиот моден бренд „Линеа“ се претстави со колекција за сезоната пролет/лето 2016 која содржи пет различни теми: City lights, Bubble Trouble, Golden Fever, Summer Mood и Denim Flowers.

DB2C1982DB2C0223DB2C1361DB2C0982
<
>

Сите креации се со различни принтови и претежно пастелни бои. Моделите се достапни во салоните во Скопје, Кавадарци и Штип.

Флора Елези која ја потпишува етикетата „ Elezi Paris“ а најновата колекција се состои од лични чекори и го поврзува Париз со Балканот.

– „Изворот на инспирацијата се појавува од женската сила бидејќи секоја жена се соочува со широк спектар на дизајнирани модели и на тој начин ја претставува својата личност“, вели Елези која живее во Париз и за прв пат се претстави на Моден викенд Скопје.

Ново име на Моден викенд Скопје е и српската дизајнерка Тијана Младеновиќ со колекцијата „Shinigami“ инспирирана од јапонската митологија и духот на смртта. Поради тоа креациите се во црна и сива боја и наликуваат на кимона. Младеновиќ во Скопје дојде преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација БАФЕ.

За крај на втората вечер испратена со музиката на „Архангел“ се одржа ревијата на Ирина Тошева поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ. Во новата колекција пролет/лето ’16, Ирина Тошева нуди ново читање на ризницата на национални ракотворби.

Во соработка со архитектот Никола Кунгуловски, колекцијата ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија. Користејќи ги најновите технологии за тродимензионално печатење се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.