МК Сцена
Дунавка Трифуновска во главната улога во новиот спот на групата „Ај Кју“ (ВИДЕО)
По успешната 2015 во која групата се здоби со голем број награди и признанија, меѓу кои и прва награда на „Скопски Фестивал“ со песната „Убава“, која сѐ уште е хит по радио станиците, Ај Кју ви ја најавува музичката авантурата пролет/лето 2016 година со новиот видео запис за песната „Сепак ми е забавно“.
Видео записот го изработи Горила Филмс, а музиката, текстот и аранжманот се комплетно дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски.
Во спотот се забавуваше и Дунавка Трифуновска која одлично се снајде во улогата на „birthday girl“ бидејќи на денот на снимањето всушност и беше роденден.
Групата Ај Кју ја започнува и сезоната на настапи и концерти овој викенд во Охрид во „Кадмо Бар“.