МК Сцена
„Една љубов“ почнува во Скопје
Во градски парк Скопје на 16 јуни во 10 часот претпладне ќе почне првиот од осумте концерти наречени „Една љубов“. „Една љубов“ се одржува вторпат и на едно место ќе го претстави најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија.
На првиот концерт во Скопје ќе пеат Љубојна, Слаткаристика, Некст тајм, хорот „Златно славејче“, настап ќе има Сашко Коцев, Ансамбал Булгаре, Деси Добрева и Фолтин. На фестивалот ќе настапат музичари од Македонија и од Бугарија. Дел од концертите годинава, исто како лани, ќе се одржат во градови низ Македонија, а неколку концерти ќе се одржат во Бугарија.
Во вторник во Софија, Бугарија, ќе се одржи прес-конференција на која организаторите од Македонија и Бугарија заедно ќе ги соопштат останатите датуми и градови во кои ќе се одржат уште седум концерти од One Love турнејата.