Музика
Егзит е официјално најдобар фестивал во Европа!
EXIT е официјално најдобар фестивал во Европа, објавено е синоќа на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија!
EXIT победи во главната категорија во конкуренција со вртоглави 350 фестивали од повеќе од 35 земји, со повеќе од милион гласови од публиката и мислењето на стручното жири составено од најеминентните луѓе од светската музичка индустрија.
Егзитовите фестивали беа во финалето во дури шест категории, а самиот EXIT во рекордни три категории, вклучувајќи ја и освоената награда за најдобар европски фестивал, како и категориите за најдобар фестивалски организатор во Европа и „Take a Stand“ за општествен активизам!
Основачот на EXIT фестивал, Душан Ковачевиќ во оваа прилика изјави: „Навистина е неверојатен успех по само четири години повторно да се освои најважната фестивалска награда на свет! И тоа во најтешката категорија, каде што се најголемите европски и светски фестивали со буџети и над десет пати поголеми од нашиот. Со ова EXIT летото на љубовта 2017 кое се состоеше од 4 фестивали во Нови Сад, Умаг, Будва и Темишвар, со преку 350.000 посетители, запишано е со златни букви во светската фестивалска историја. Токму на Балканот му ја посветуваме оваа награда со желба Егзитовите, сега веќе 5 фестивали во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Романија, да придонесат во нашиот регион да се шират пораките за љубов и пријателство. Исклучителната година е зад нас, а во оваа пред нас имаме уште поголеми планови кои сега ќе биде многу полесно да се претворат во стварност!“
EXIT во конкуренцијата за главната награда беше со другите европски фестивалски гиганти, како што се Glastonbury, Roskilde, Tomorrowland, Sziget, Lowlands и многу други. Ова е втора по ред шампионска титула која EXIT ја освои на Европските фестивалски награди уште од нивното оформување во 2010-та година, а секоја година е во најтесниот избор за најдобрите европски фестивали.
Претходно, EXIT ја освои најградата за најдобар голем европски фестивал на Европските фестивалски награди за 2013-та година, додека во 2007-ма беше изгласан за најдобар европски фестивал надвор од Велика Британија од страна на Британските фестивалски награди. Инетерсно е дека синоќа триумфираше и миленикот на публиката од минатогодишниот Exit фестивал, Rag’n’Bone Man кој е прогласен за најдобра нова ѕвезда во Европа!
Победниците ги избира публиката од цела Европа, заедно со стручното жири, кое го сочинуваат истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, а листата на добитници се наоѓа на официјалниот сајт.
EXIT тимот оваа година го претставува најголемиот фестивалски потфат досега, под името EXIT Freedom 2018, кој го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји. Ги предводи официјално најдобриот европски фестивал EXIT, а прв на ред е Festival 84 на олимписката Јахорина. Следуваат Sea Star во Умаг и Revolution во Темишвар како увертира за најголемото собирање на местото кое ја чува титулата, Петроварадинската тврдина, додека за самата завршница на летото резервиран е Sea Dance, кој наградата за најдобар фестивал до 40.000 посетители дневно ја освои пред три години. Покрај Exit, финалисти во своите категории беа и Sea Dance, и Sea Star и Revolution.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.