Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕГЗИТ: Џејсон Деруло за кулминација на забавата на Петроварадинската тврдина

Музика

ЕГЗИТ: Џејсон Деруло за кулминација на забавата на Петроварадинската тврдина

Џејсон Деруло настапи пред 80.000 луѓе на преполната „Меин стејџ“.

Третата вечер на „Егзит“ беше во знакот на огромната колона на луѓе и посетители и настапот на Џејсон Деруло за кој се бараше место повеќе за стоење.

Неколку минути пред полноќ не можеше ниту игла да падне пред главната бина затоа што сите со нетрпение го очекуваа, според некои настапот кој го одбележа овогодинешното издание на Егзит.

По диџеј сетот за најава кој траеше дури половина час и ги замори пристурните, конечно на бината се појави и Џејсон Деруло кој беше дочекан со овации, громогласен аплауз и викање.

Американскиот музичар звучеше навистина сјајно во живо, а публиката во еден глас, хорски ги пееше хитовите „Want To Want me“, „Swalla“ и „Breathing“ и на моменти беа дури погласни од самата музика.

Навистина е голема штета што во 60 минутниот настап на Деруло, тој повеќе зборуваше отколку што пееше, односно потроши време на најавување на диџеите со кои настапување.

На крајот, иако некои си отидоа задоволни од неговиот концерт, за некои Деруло остана должен за поголема забава, а диџејот (тој истиот од почетокот) го затвори настапот со повторување на дел од најголемите хитови.

Во исто време во „Денс арената“ свој настап имаше познатиот франциски диџеј „Кунгс“ кого публиката во Македонија можеше да го види минатата година на фестивалот „Скопје колинг“ и со кого на Егзит направивме ексклузивно интервју кое ќе можете да го видите во деновите кои следуваат.

По него, експлозивниот диџеј сет продолжи со настапот на Германецот Робин Шулц, а забавата траеше до раните утрински часови со ритамот на Дјук Думонт.

Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад и денеска, да го проследи официјалното затворање на 17. издание на најголемиот европски музички фестивал Егзит.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.