Музика
ЕКСПЛОЗИВЕН СТАРТ: „Д Килерс“ го отворија Егзит (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Започна уште едно силно издание на фестивалот Егзит, оваа година со дополнителен ден за фестивалско уживање, таканачерен „нулти ден“ на кој публиката во Нови Сад имаше можност да ужива во настапот на мегапопуларниот американски бенд „Д Килерс“.
50.000 публика не ги чекаше ниту минута, како и што доликува на еден светски бенд, а групата „Д Килерс“ со голем аплауз, овации и конфети излегоа на главната бина со што и официјално беше означен стартот на нултиот ден од Егзит.
Експлозивниот настап го започнаа со новата песна „Д Мен“ со која сјајниот Брендон Фловерс донесе светски призвук во Нови Сад.
– „Ние сме Д Килерс од Лас Вегас во Невада и дојдовме да ве забавуваме!“ – порача Брендон и продолжи со песната „
Самбади толд ми“.
Фронтменот скокаше по бината облечен во сребрено палто, што подоцна го соблече поради вжештената атмосфера која ја предизвикуваше публиката. Хорски беше испеан следниот хит „Спејсмен“, а се редеа и другите нивни хитови.
– „Знаете како велат – подобро некогаш отколку никогаш, но сигурно нема да чекаме нови 14 години за да дојдеме повторно во Србија!“ – кажа Брендон на симпатичен американско-српски и ги поздрави сите присутни.
Инаку на главната бина вчера како загревање настапија српскиот бенд Ван Гог и Тичерс.
Забавата продолжи на Денс арената до утринските часови.
Во текот на вечерта публиката уживаше во енергичниот настап и познатите хитови на овој славен бенд, а судејќи по отворањето на фестивалот, фановите ги очекува вистинска забава во деновите кои следуваат.
Екипата на Популарно.мк останува во Нови Сад од каде директно известуваме за сите фестивалски случувања од најголемиот европски фестивал Егзит.