Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕЛЕНА И ХАРИ СНИМАА ВО СКОПЈЕ: Наскоро видеоспот за нивната дуетска песна „Још ме плаши“

МК Сцена

ЕЛЕНА И ХАРИ СНИМАА ВО СКОПЈЕ: Наскоро видеоспот за нивната дуетска песна „Још ме плаши“

Изминатите денови во Скопје, поточно во хотелот „Русија“, се снимаше најновиот видеоспот за дуетската песна на една од нашите најистаканти музички имиња – Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Мата Хари.

Нумерата носи наслов „Још ме плашиш“ и се наоѓа на најновиот албум на Хари – „Килим“.

– Елена ја познавам уште кога двајцата ги претставуваме нашите земји на Евровизија, која тогаш се одржуваше во Атина. Ако ме прашувате зошто одбрав токму со Елена да ја снимам оваа песна, одговорот е краток и јасен, таа е еден од најдобрите вокали на овие простори – изјави Хари.

14139009_10210870083056753_1817765842_o

Ни Елена го криеше задоволство од соработката со нејзиниот колега и пријател од Босна и Херцеговина.

– Хари е веќе докажано музичко име во земјите од регионот и ми претставува особена чест што реши да ја отпееме оваа преубава песна. Знам дека песната е веќе хит на скоро сите радиостаници во земјава и тоа навистина ме радува – вели Елена Ристеска.

Инаку спотот е во продукција на „Џубокс“, режисер е Васил Христовски, директор на фотографија е Дуле Кардалевски, додека како продуцент се потпишува Џулијани.

За шминката и фрузарата се погрижија вештите раце на Даниел Николовски, стајлингот е на Мила Кадриу и „Фешн груп“, додека пак накитот е на „Оксет“.

Спотот го помогнаа и компаниите „Гемак“, „УПЦ“, „Полео спорт“ и „Кроација осигурување“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.