МК Сцена
Елена Ристевска ќе се дружи со фановите во Рамстор и Капитол Мол
Во пресрет на Новогодишните празници Македонски Телеком подготви уште едно изненадување за корисниците.
На 25 и 26 декември декември во Телеком продавниците во Рамстор и Капитол Мол нашата музичка ѕвезда Елена Ристевска ќе се дружи со фановите. Елена ќе го потпишува и подарува најновиот албум на 25 декември во Рамстор од 13:00 до 14:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да се сликаат и разговараат со неа. На 26 декември Елена ќе ги израдува фановите кои тој ден ќе бидат во телеком продавницата во Капитол Мол од 13:00 до 14:00 часот.
За време на дружењето сите заинтересирани ќе можат одблизу да се запознаат и со услугата LOOP, која нуди одлично мултимедијално искуство и можност за споделување на фотографии и видеа во кругот на семејството. Празниците се одлична можност за споделување на нови заеднички моменти преку фотографија или видео, кои со LOOP, брзо и едноставно, ќе бидат достапни на смарт телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
Потребно е само да се активира услугата на www.loop.mk или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store.