Ем Џеј Родригез: Оваа трансродова актерка ако освои Еми награда ќе го запише своето име во историјата
Американската драмска серија „Pose“ се занимава со проблематиката на афроамериканската и латиноамериканската LGBTQ популација во Њујорк. Добила дури 9 номинации за Еми наградите, a Ем Џеј Родригез (30) е номинирана во категоријата за најдобра главна актерка.
-Конечно се чувствувам видено. Ова го посветувам на својата заедница – прокоментирала Ем Џеј по номинацијата.
Инаку серијата „Pose“ има најмногу трансродови актери во главните улоги и најголема актерска постава од LGBTQ личности во историјата на телевизиските серии, а Родригез е третата трансродова личност во историјата која е номинирана за Еми во било која категорија. Пред неа биле номинирани и Раин Валдез (40), за улогата во серијата „Razor Tongue“ и Лаверн Кокс (49), која била дури 4 пати номинирана, и тоа за улогата во серијата „Orange is the new black“. Но, ниту една не успеала да ја освои наградата.
За потсетување, Лаверн Кокс, на Еми наградите во 2020 година се појави во улога на водителка која требала да додели награда. Таа ја искористила оваа прилика за негодување што ја пропуштила наградата дури 4 пати.
Laverne Cox #Emmy #Emmys pic.twitter.com/klks5MYcnR
— ? Misunderstood (@erikay84) September 21, 2020
-Јас сум жив доказ како секој во оваа земја може 4 пати да изгуби во иста категорија за награда, а потоа некако да заврши на подиумот за да ја додели наградата некому кој најверојатно не гласал за мене – рекла огорчената глумица.